Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - LL Gourmet
Share
Tweet
Share
Send to friend

Магационер

Скопје

Application deadline:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради проширување на тимот  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Магационер
1(една) позиција, Скопје

Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование
  • Организирана, одговорна и доверлива личност која е темелна и совесна во извршување на работните задачи
  • Работно искуство во прехрамбена индустрија ќе се смета за предност
  • Валидна возачка дозвола Б категорија
Работни задачи и одговорности:
  • Врши прием и соодветно складирање  на  артикли  во магацин
  • Го евидентира приемот на артикли согласно утврдените процедури за работа
  • Врши  издавање на артикли согласно потребите 
  • Ги следи  роковите на артиклите согласно FI-FO стандардите
  • Ги почитува хигиенско-санитетските правила и се грижи за уредноста и подредувањето на артиклите во магaцинот
  • Врши евиденција на следливост на сите комори
  • Извршува и други работни задачи во и околу магацинот по потреба
Нa кандидатот му нудиме:
  • Конкурентски месечни примања 
  • Работа во пријатна и организирана работна средина
  • Можност за понатамошен професионален развој
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз 

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку полето Брза Апликација со назнака “Магационер”  

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more