Vrabotuvanje.com - Фармацевтски техничар за работа во Комерција - Скопје - Пзу Виола Аптеки
Share
Tweet
Share
Send to friend

Фармацевтски техничар за работа во Комерција

Скопје

Application deadline:

  • Пзу Виола Аптеки
Miniso

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 година, компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со функционирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
За работа во Комерција

 

Потребни квалификации:

  • ССС медицинско училиште – отсек фармацевтски техничар (со уверение за положен стручен испит)
  • Претходно работно искуство во аптека или веледрогерија ќе се смета за предност
  • Работа со компјутери

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентност
  • Динамичност и креативност
  • Организираност, самоиницијативност
  • Колегијалност и тимски дух

Што нудиме:

  • Одлична плата + бонуси
  • Можност за напредување и надградување

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја преку полето Брза Апликација или на маилот: violaapteki@viola.com.mk со назнака на апликацијата „За оглас – Фармацевтски техничар“.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more