Vrabotuvanje.com - Слаткар - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Слаткар

Скопје

Application deadline:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 

СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:

​СЛАТКАР

 

Работни должности:

  • Задолжен/а за навремено и квалитетно изработување на производите;
  • Задолжен/а за подготовка на тестото, филовите и филување на производите согласно нормативите и рецептурите;
  • Ги става производите во плехови и истите ги пече и врши подмачкување на производите пред печење;
  • Готовите производи ги реди и пакува во соодветни садови;
  • Се грижи за квалитетот на производите за време на печењето, се грижи за хигиената на производите, личната хигиена и хигиената на опремата и просториите;
  • Врши контрола и прием на суровините;
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Врши проверка на температурата на фрижидерите и температурата на печењето;
  • По завршување на работата ги чисти работните површини, ги собира тепсиите и ги реди на определено место;
  • Прием и припрема на нарачки;
  • Дава извештај за сработеното на претпоставениот на дневно ниво
  • Обавува и други работи од делокругот на негово/нејзино работење по налог на претпоставените; 

Работни одговорности:

  • Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
  • Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Го почитува работниот распоред,
  • Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
  • Во комуникација со потрошувачи разговорот  го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
  • Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
  • Ја почитува работната дисциплина;
  • Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
  • Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
  • Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

Образование, квалификација, професионалано работно искуство:

  • Средно образование;
  • Работно искуство во слаткарство;
  • Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
  • Познавање на сите услуги кои ги нуди друштвото

Лични карактеристики:

  • Навремено исполнување на работните задачи;
  • Организираност;
  • Доверливост; 
  • Лојалност ; 
  • Одговорност;
  • Одлучност и  креативност
  • Тимски работник

Што нудиме ние:

  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Исплата на регрес
  • Тимска работа
  • Кариерен развој и мотивација
  • Обуки за развој
  • Континуиран фидбек од работата
     

Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more