Агент за наплата на побарувања
ODM Collections d.o.o. e компанија од Белград специјализирана за откуп на побарувања. Нашата компанија е со стекната доверба од страна на бројни реномирани клиенти од различни области и гранки на индустријата на кои сме им доверлив партнер во процесот на управување со побарувањата.Со континуирано унапредување на процесите и вложување во едукација на своите вработени, успеваме да ги исполниме стандардите на работењето.
Во нашата канцеларија во Скопје имаме потреба од проширување на тимот и пополнување на позицијата
*1 (еден) Агент за наплата на побарувања на Македонски јазик
*1 (еден) Агент за наплата на побарувања на Албански јазик
Место: Скопје
- Одлични интерперсонални, преговарачки и комуникациски особини
- Изразена способност за решавање на проблеми
- Флексибилност и издржливост
- Предност имаат кандидатите кои имаат искуство во наплата на побарувања
Опис на работните задачи:
- Телефонска наплата на побарувања на различни проекти
- Одговорност за резултатот од наплата на доделениот проект
Нудиме:
- Динамични и креативни работни задачи
- Можност за личен и професионален развој
- Адекватни и стимулирачки примања
Доколку сте заинтересирани, а сметате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ни доставите Ваша професионална биографија за наведената работна позиција со назнака “Агент за наплата на побарувања“
Аплицирајте преку полето Брза Апликација!
ODM Collections го задржува правото да ги контактира единствено оние кандидати кои ќе влезат во потесна селекција.