ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС;
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Одличнo познавање во областа на административно работење;
- Активно познавање и користење на англиски јазик;
- Одлични организациони и комуникациски вештини;
Потребни вештини:
- Комплетна организација на работната агенда на Генералниот Директор - закажување и организирање на состаноци и настани, водење евиденција, запазување на рокови;
- Пишување, составување и подготвување извештаи, текстови, презентации и преписки;
- Предлагање на концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања, иницирање на решенија за одредени проблеми;
- Одговорност за навремено, законито, ефикасно и квалитетно подготвување и извршување на планот за работа на Генералниот Директор и ефикасното и ефективното организирање и реализација на работите;
- Организација и остварување на соработка со други органи при вршењето на работите;
- Ја следи работата на сите нивоа и доставува извештаи до Генералниот Директор;
- Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
- Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
- Подготвеност за работа во дадени рокови;
- Професионален однос кон работата;
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ;
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.