Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Магационер

Скопје

Application deadline:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
МАГАЦИОНЕР

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Работни обврски и одговорности:

  • Прием и дистрибуција на роба;
  • Броење и распределување на роба;
  • Изработка на излезни документи од магацин;
  • Запазување на роковите за прием и дистрибуција на роба;
  • Контрола и проверка на производите при прием според влезен документ и пријавување оштетени производи, вишок или недостаток на роба до одговорното лице;
  • Грижа за соодветно складирање на артиклите во магацинот со цел нивна заштита и полесно пронаоѓање;
  • Следење и извршување пописни активности на роба во магацин;
  • Контрола и следење на материјално работење во магацинот;
  • Одржување на хигиена во магацинот;
  • Континуирано унапредување на магацинското работење со генерирање на идеи и имплементација на истите самостојно или со надворешна или внатрешна поддршка;

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Работното искуство ќе се смета за предност
  • Подготвеност за работа во тим
  • Професионален однос кон работата
  • Посветеност, лојалност и одговорност

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа
  • Плата по договор

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more