Vrabotuvanje.com - Моден дизајнер - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Моден дизајнер

Скопје

Application deadline:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
МОДЕН ДИЗАЈНЕР

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации:

  • Поседување на диплома од областа на модниот дизајн;
  • Познавање на комплетниот процес на моден дизајн;
  • Работно искуство ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Поседување на одлични комуникациски способности и работа со клиенти;
  • Прилагодливост на зададени рокови;

Одговорности и задачи:

  • Осмислување и креирање нови колекции;
  • Изработка на комлетни технички скици;
  • Координација и следење на производство од идејна скица до финален производ;
  • Избирање на материјали и нивните својства;
  • Постојано следење на новитетите и трендовите во модата;
  • Високи естетски критериуми;
  • Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
  • Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
  • Подготвеност за работа во дадени рокови;
  • Професионален однос кон работата;
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ;
  • Стабилност и можност за личен развој;
  • Градење успешна кариера;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Arts and Design amounts to 21.700 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more