Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Сметководител

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации:

  • ВСС - Универзитетска диплома, Економски факултет;
  • Лиценца за овластен сметководител;
  • Минимум 3 години работно искуство во дејноста;
  • Познавање на даночната регулатива и пракса, сметководствените правила и прописи;
  • Напредно познавање на програмите од МS Office, особено Excel;
  • Познавање на сметководствен софтвер;

Потребни познавања и вештини:

  • Комплетно водење на сметководственото и финансиското работење;
  • Книжење на финансиската и материјалната документација;
  • Изработка на годишен финансиски план на Друштвото;
  • Следење на монетарните движења во државата (каматни стапки, девизни курсеви, провизии на деловни банки);
  • Изготвување на завршна годишна сметка;
  • Следење на сите законски прописи во областа на финансиите и финансиското работење;
  • Анализа и утврдување на точноста на сметките пред пресметка на данок на додадена вредност (поднесување на ДДВ пријава);
  • Изготвување на плата ( МПИН образец );
  • Пресметки и плаќања преку ЕПДД системот на УЈП (авторски договори, дивиденди и сл.);
  • Подготовка и вршење на денарски и девизни плаќања;
  • Анализа на продажните и финансиските податоци, залихите и процесите на набавка со цел идентификување на можностите за подобрување на профитабилноста;
  • Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
  • Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;
  • Подготвеност за работа во дадени рокови;
  • Професионален однос кон работата;
  • Системски пристап при работењето, аналитички вештини и вештини за решавање на зададени задачи и проблеми;
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.

Компанијата нуди:

  • Стабилност и можност за личен развој;
  • Градење успешна кариера;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • Спроведување на активности за мотивирање на вработените;
  • Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more