ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Потребни квалификации:
- ВСС - Универзитетска диплома од областа на маркетинг или бизнис ќе се смета за предност;
- Минимум 3 години искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Одличнo познавање во областа на дигиталниот маркетинг;
- Активно познавање и користење на англиски јазик;
- Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;
Потребни вештини:
- Одлично познавање на функционалностите на Shopify (организирање на интерфејс, внесување на артикли, менаџмент на залихи, ценовен менаџмент);
- Желба за пишување во областа на модата;
- Креирање и инплементација на краткорочни и долгорочни маркетинг стратегии наменети за дигитални медиуми;
- Предлагање и инплементација на методи на директен маркетинг за зголемување на профитабилноста;
- Одлично познавање на Facebook Business Suite и Facebook Business Manager;
- Одлично познавање на Pixel;
- Поставување на платени реклами за дигитални медиуми, како и следење и анализа на метриките;
- Креирање на содржини за дигитални медиуми (статични објави, Facebook и Instagram Reels, Tik Tok видеа);
- Постојано следење на новитетите и трендовите на дигиталните платформи;
- Високи естетски критериуми;
- Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
- Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
- Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
- Подготвеност за работа во дадени рокови;
- Професионален однос кон работата;
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ;
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.