Римеко доо е реномиран увозник и дистрибутер на голем број светски познати брендови на бела техника како: Bosch, Candy, Stiebel Eltron, AEG , Bomann, Conti, Sencor, Lamart, De Longi, Kenwood, Кoncar, Galanz, Prity, Tim sistem, и многу други. Примарниот развој на фирмата Римеко доо започнува во далечната 1991 година со продажба на бела техника, аудио-видео техника, климатизација, мали кујнски апарати, мали апарати за домакинство и голем избор на грејни тела.
Во малопродажна мрежа на Римеко, под име ЕLIPSO, моментално со 2 продажни салона во Скопје, се врши дистрибуција и продажба на сите брендови од сопствениот увоз на Римеко доо како и многу различни реномирани светски брендови кои локално се снабдуваат.
РИМЕКО доо , Трговска фирма од Скопје има потреба од вработување на едно лице на работно место
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Реон Скопје (Општина Гази Баба)
Опис на работното место:Сметководител, на определено време во времетраење од 6 месеци (предвидена можност за продолжување или пренамена на работното место со неопределен рок )
Општи услови за прием во работен однос:
- ️Завршен Економски факултет ( студиски програм сметководство или финансиски менаџмент )
- ️Работно искуство во полето на сметководството во времетраење од најмалце 3 години.
- ️Познавање на сметководствените стандарди и книговодствените принципи и пракса
- ️Неопходно добро познавање на Англиски јазик ( потребна е потврда)
- Поседување на лиценца- уверение за овластен сметководител ке се смета како предност
- ️Добро познавање на работа на компјутер ( МS office апликациите а посебно Word и Excel)
- ️Кандидатите се должни со пријавувањето на конкурсот со биографијата да достават и документи :Диплома ( за завршен 7-ми степен или за 240 кредит систем) и останати уверенија за дополнителна стручната спремност
Опис на работата:
- Водење на материјално и финансиско книговодство
- Контрола на исправноста на документите
- Евидентирање на документите/ влезни и излезни фактури /и нивно педантно архивирање
- Плаќање на налози
- Комуникација со сите релевантни државни институции и банки
- Припрема на различни видови анализи, салдирање на картици со комитенти
- Вршење на припремни работи за изработка на завршната сметка
- Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли
Квалификации:
- Докажано искуство како Книговодител или во слична улога.
- Солидно разбирање на основните книговодствени и сметководствени принципи.
- Познавање и пратење на актуелните прописи и законски измени
- Високо внимание на деталите и точност во работата.
- Силни организациски вештини и вештини за управување со времето.
- Способност да се ракува со доверливи информации со интегритет
- Способност за тимска и индивидуална работа.
Компанијата нуди:
- Плата по договор
- Можност за постојано вработување и работа во успешна средина
- Континуирана обука и можност за напредување
Пријавите треба да вклучуваат :кратко мотивационо писмо и биографија( CV) кои треба да се испратат на меил: vrabotuvanje@rimeko.com.mk .Непотполните пријави нема да бидат земени во предвид.
На разговор ке бидат повикани само кандидатите кои ке влезат во потесниот избор