Оглас за вработување на АРХИТЕКТ ПРОЕКТАНТ
Потребни квалификации:
- ВСС – Дипломиран инженер архитект
- Минимум 3 години работно искуство
- Овластување Б за изработка на проектна документација од архитектура
- Познавање на работа со компјутер (AutoCAD, ArchiCad, MS Office, MS Project)
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
- Познавање на англиски јазик
Потребни познавања и вештини:
- Раководење, обезбедување, изработка и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на проектирање;
- Изработка на идејни решенија за станбени и деловни објекти;
- Изработка на 3Д прикази и предмери;
- Дефинирање на потребниот буџет и временските рокови за проектот;
- Познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени;
- Оперативни и административни обврски поврзани со тековното работење;
- Следење на светските трендови во архитектурата;
- Одлични организациони и аналитички вештини;
- Одлично познавање на оперативни практики на градење;
- Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
- Транспарентна комуникација со колегите и со сите засегнати страни во компанијата;
- Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
- Позитивно и ефективно прилагодување на промените на околностите;
- Подготвеност за работа во дадени рокови;
- Професионален однос кон работата;
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.
Компанијата нуди:
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Спроведување на активности за мотивирање на вработените;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја на E-mail: contact@elenalukahome.com
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600