Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.
Фабриката се наоѓа во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и за потребите во своето работење има потреба од следните работни позиции:
Референт за логистика
- ССС
- Познавање и работа со компјутер (MS Office)
- Можност за работа во смени (флексибилно работно време по потреба)
- Претходно работно искуство во логистика и транспорт
- Познавање на англиски јазик (предност познавање на турски јазик)
- Подготовка и следење на распоредот за испорака.
- Утовар и истовар на возила за испорака на безбеден и ефикасен начин,
- Подготовка на документи за испорака,
- Решавање на потенцијални проблеми во процесот на испорака.
- Организирање возила и процеси на испорака.
- Соработка со возачи, магационери и супервизори за да се обезбеди навремена и точна испорака.
- Координација и комуникација со логистички и транспортни компании.
- Почитување на законските прописи и политиките на компанијата.
- Пријавување на какви било доцнења, штети или несовпаѓања во пратките до супервизорот.
- безбедна и сигурна работна средина;
- редовна исплата на плата и надоместоци;
- кариерен развој и личен напредок
- организиран транспорт и оброк
- можност за обука во странство.
Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.