Ист Гејт Мол, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на одделот за сметководтво и финансии објавуваме оглас за вработување на определено време (замена за породилно отсуство):
Референт за изработка и наплата на фактури
Одговорности и работни задачи:
- Составува и води преглед на листата на должници на Друштвото;
- Контактира со клиенти и ги информира за задоцнети и неплатени фактури;
- Ги советува клиентите и предлага можни опции за плаќање;
- Учествува во преговори со клиенти за изготвување на соодветни планови за плаќање;
- Оддржува евиденција на плаќања на клиентите;
- Врши усогласувања на побаравувања и обврски;
- Составува предупредувања за конечно известување до клиентите кога не вршат плаќања;
- Покренува правни дејствија кога клиентите не го плаќаат својот долг и соработува со правен застапник на компанијата;
- Одговара на поставени прашања на клиентите;
- Контактира со адвокати и агенции за осигурување за олеснување на плаќањата.
- ВСС/ССС
- минимум 3 годишно работно искуство на иста или слична работа позиција
- познавање на Microsoft Office пакет, одлично познавање на англиски јазик,
- Изразени аналитички способности, способност за решавање на проблеми
- Способност за планирање, преговарање и координација на симултани задачи
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)