Vrabotuvanje.com - Раководител на магацин - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Раководител на магацин

Скопје

Application deadline:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 
  • ССС / ВСС; 
  • Минимум 2 години искуство на раководна позиција во магацин;
  • Одлично познавање на MS Office програмите, особено на програми за анализа на податоци како Excel
  • Искуство со работа во WMS систем
  • Познавање на стандардните практики за водење на инвентар;
  • Способност за реорганизација по потреба на изгледот на магацинскиот простор со цел подобрување на ефикасноста и точноста на инвентарот; 
  • Силни меѓучовечки и комуникациски вештини и способности;
  • Познавање на ERP програма CFMA ќе се смета како предност
 
Одговорности и работни задачи:
  • Целокупно следење и координирање на работата во магацинот;
  • Организација и контрола на прием и испраќање на стоки и водење на веродостојна евиденција;
  • Контрола на залихата на стока, известување за состојбата на залихите;
  • Контрола, менаџирање и подигнување на продуктивноста на вработените во магацинот;
  • Препорачување на алатки, опрема, методи и распоред на просторот со цел да се подобри работата, протокот на стоката, продуктивноста;
  • Проценување на достапноста на просторот кој треба да се оспособи за складирање;
  • Бележење на инвентар од продукти и други предмети примени за складирање;
  • Координација на магацинското работење со секторот достава;
  • Комуникација со сите деловни единици;
  • Контрола на магацинските документи;
  • Контрола и попис на робата во главниот магацин, по физички пат или преку компјутерскиот систем за следење на истата;
  • Одржување на магацинскиот персонал преку советување, обучување и дисциплинирање, како и планирање, мониторирање и известување за резултатите од работата;
 
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака: “Оглас за Раководител на магацин“.
 
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more