Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажна логистика - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Специјалист за продажна логистика

Скопје

Application deadline:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖНА ЛОГИСТИКА

Одговорности и задачи:
  • Дневно маркирање на сите порачки според тип на документ и приоритет за достава
  • Организација на дневни рути за достава, врз основа на рути за продажба, односно организација на целокупната достава на стоки на најбрз и економичен начин
  • Координирање и контрола на вработените доставувачи
  • Раздолжување на пари кои доаѓаат од сектор достава
  • Најава на карго достава
  • Контрола на залихите, продажба и попис на трговска стока која се врши од превозни средства (амбулантна продажба) и нивно раздолжување
  • Архивирање на поврзаната документација
 
Потребни активности:
  • Комуникација со продажен пресонал околу приоритети за нарачки / коминтенти и достава
  • Комуникација со коминтенти
  • Комуникација и координација со магацинскиот персонал 
  • Координација со Раководител на магацин
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител
 
Предности:
  • Претходно работно искуство во организација на дистрибуција или слично искуство
  • Работа во WMS програм CFMA
  • Работно познавање на компјутери Excel
  • Место на живеење - Скопје
 
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа
  • Атрактивна плата
  • Можност за напредок
 
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата „за Специјалист за продажна логистика“.

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more