Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетен инженеринг, набавка и изведба на фотонапонски соларни централи.
Солар Спектар АГ Дооел Скопје има потреба од следната работна позиција
Административен работник
Потребни квалификации:
- ВСС;
- Претходно работно искуство (од 2 години), на иста или слична позиција ќе се смета за предност, но не е пресудно;
- Активно познавање на англиски јазик, (германски јазик ќе се смета за предност);
- Општо познавање од сметководство, договори, јавни набавки и слично;
- Одлично познавање на office (Word, Excel, Outlook) пакетот;
- Возачка дозвола – Б категорија.
Опис на работни задачи:
- Администрирање на електронска пошта,
- Водење на архива и деловодници,
- Комуникација со клиенти и институции
- Подготвување на пропратна документација за проекти и асистенција на тимот при припрема на проекти
- Изготвување понуди, фактури, извештаи, договори
- Дополнителни задачи кои произлегуваат од тековното работење
Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.