Проектен - Административен асистент
Скопје
Application deadline:
- НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ
- Address: Ул. Пролет бр.10/1-1, 1000 Скопје
- Web: http://nff.org.mk
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН-АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
ПРОЕКТЕН-АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
II. Цел на ангажман
Проектниот и административен асистент ќе даде поддршка на Националната Федерација на Фармери (НФФ) во имплементацијата на проектните активности, обезбедувајќи административна, логистичка и техничка поддршка. Асистентот ќе работи тесно со проектниот тим за да се осигура непречена реализација на проектите, соодветна документација и координација на активностите.
Обврски и одговорности на проектниот и административен асистент:
- Теренски активности;
- Логистичка поддршка при организирање на настани, обуки и работилници во рамки на проектите на НФФ;
- Подготовка на Записници од состаноци од настани и активности;
- Скенирање и одржување на електронска архива на проектна документација;
- Доставување на писма и документација до јавни институции и релевантни засегнати страни, согласно потребите на проектот;
- Помош и логистичка поддршка на Проект менаџерот и Извршниот директор во имплементацијата и координацијата на проектните активности;
- Комуникација со целните групи на НФФ – земјоделци и рурално население;
- Обезбедување поддршка при собирање на податоци и спроведување анкети на терен;
- Одржување и ажурирање на базата на податоци за членството на НФФ, како во електронска, така и во физичка форма, обезбедувајќи податоците во базата членови на НФФ да бида секогаш ажурирани, комплетни и добро организирани;
- Поддршка на Финансискиот и административен координатор во процесот на спроведување на набавки за имплементација на проектни активности, согласно правилниците за набавка на донаторите и политиките и правилниците на НФФ
- Ги прифати правилата, регулативите и етиката на НФФ и нејзините донатори;
- Го извршува работниот процес совесно, навремено и одговорно во рамките на поставените рокови;
- Го почитува воспоставениот внатрешен ред на организацијата;
- Ја користи техничката и материјалната опрема на соодветен начин;
- Работи проактивно во решавање на тековните проблеми во организацијата
Очекуван период на ангажман/договор
Проектниот и административен асистент ќе биде ангажиран за период од 8 (осум) месеци, од 1 февруари 2025 година до 30 септември 2025 година.
Продолжувањето ќе биде предмет на взаемна согласност помеѓу ангажираното лице и НФФ, и ќе биде потврдено пред истекот на почетниот договор.
III. Координација и известување
Проектниот и административен координатор за својата работа директно ќе ги извстува Проект менаџерот на НФФ и Извршниот директор на НФФ.
IV. Потребни квалификации и искуство
- Соодветна диплома во областа на економија, хуманитарни и социјални науки
- Соодветно искуство во областа на администрација, финансии, логистика, теренска работа, како и имплементација на проекти
- Предност со претходно искуство во невладини организации
- Одлично владеење со англискиот јазик
- Познавање на Microsoft Office
- Силни организациски вештини и внимание на детали
- Одлични комуникациски вештини (усни и писмени)
- Способност за пишување извештаи
- Висок степен на внимание на детали и прецизност
- Конзистентност во одржување на интегритетот и етиката
- Способност за работа како дел од тим и олеснување на тимската работа
- Ефикасна комуникација и меѓучовечки вештини
- Константно пристапување на работата со енергија и позитивен став
- Позитивно реагирање на критички повратни информации и различни ставови
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Public services and non-profit organizations amounts to 32.203 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!