Vrabotuvanje.com - Лица за одгледување на растенија / Лица за процесирање на сув цвет од канабис - Скопје - НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Лица за одгледување на растенија / Лица за процесирање на сув цвет од канабис

Скопје

Application deadline:

  • НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје
  • Address: ул.112 бр.217 Ќојлија- Петровец,

 

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од  групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија-Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена. Ние сме сертифицирана компанија по EU GMP стандарди.

Во насока на отворање на нови пазари и зголемување на производството во нашиот Тим вработуваме

Лица за одгледување на растенија(10)
Лица за процесирање на сув цвет од канабис (5)

Лица во Оддел за одгледување на растенија
Работни задачи​:

  • Пресадување на растенија
  • Секојдневно прегледување на растенијата
  • Наводнување и проверка на исхраната за растенијата
  • Кастрење на растенија
  • Берба на растенија
  • Одржување на хигиената во работните простории
  • Следење процедури и водење интерни записи и евиденции
  • Грижа за опремата за работа

​Лица во Оддел за процесирање на сув цвет од канабис
Работни задачи​:

  • Грижа и обработка на сув цвет од канабис 
  • Тримирање на сув цвет од канабис (одвојување од ливчиња) 
  • Одржување на хигиената во работните простории
  • Следење процедури и водење интерни записи и евиденции
  • Грижа за опремата за работа

Потребни квалификации на нашите кандидати:

  • ССС- средно образование 
  • Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција)
  • Работно искуство во производство, ќе се смета за предност

​Компанијата има организиран превоз до работа и назад

 

Работно време 07:00 – 15:00часот

Почетна плата: 30.000ден.

 

Лични карактеристики и вештини кои ги цениме​:

  • Одговорност
  • Доверливост
  • Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
  • Способност за тимска работа
 

Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот. 
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и  повикани на интервју. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more