Vrabotuvanje.com - Асистент на продажба - Скопје - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Асистент на продажба - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • ЗЕГИН ДОО

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. 

Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!


 
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ.
 

За позицијата:

  • Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.
Потребни квалификации:
  • Образование: ССС / ВСС,
  • Познавање на MS Office,
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Комуникативност и преговарачки вештини,
  • Трудољубивост и доверливост,
  • Мотивација за работа во тим.
Главни обврски и одговорности на позицијата:
  • Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури,
  • Внесување фактури,
  • Ориентираност кон потреби на купувачи,
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата,
  • Примена на стандардите за работа,
  • Грижа за имиџот на фирмата.
Што нудиме:
  • Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
  • Бенефити за вработени,
  • Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки,
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
  • Можност за професионален развој и надоградба.

 

 
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето АПЛИЦИРАЈ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во малопродажба.
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more