Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, се развива како лидер на осигурителниот пазар и партнер на своите клиенти, препознатлив по посветеноста и врвната услуга. Поради проширување на нашиот тим во Службата за прием на осигурување, имаме потреба од:
Соработник за преземање и снимање на ризик
Во Службата за Прием во осигурување, Дирекција, Град - Скопје
- Високо образование (предност се градежен факултет, машински факултет, архитектонски факултет, или технички и информатички факултети);
- Работно искуство во осигурување се смета за предност (искуство во областа на преземање на ризици или проценка и ликвидација на штети, ќе се смета за предност);
- Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office );
- Способност за тимска работа;
- Флексибилност за работа во динамична средина;
- Способност за работа под притисок и професионално одлучување;
- Целосна посветеност на работните задачи;
- Висока работна етика, соработка, одговорност и лојалност.
- Изготовување на понуди и одобрување на договори за осигурување;
- Анализа на постојно портфолио на клиенти и предлагање на услови за продолжување на договорите за осигурување;
- Посета на локации, снимање на ризик и изготовување на извештај од снимањето на ризикот;
- Пресметка на максисмална можна штета;
- Тесна соработка со преземачите на ризик при изработка на понуди за имот и возила;
- Останати активности по налог на непосредниот раководител.
“ Добро е да си во CROATIA”
- Вработување на полно работно време;
- Почетна плата (во зависност од искуство);
- Одлична можност за професинален развој, обука и стручна надградба во рамките на компанијата и групацијата;
- Нашиот процес на вклучување вклучува обука предводена од ментор за да се осигури дека новите вработувања се чувствуваат поддржани и добро подготвени;
- Работа во осигурителна компанија со позитивна, модерна и пријатна работна средина;
- Работа со искусни преземачи на ризик.
- CV – Лична Биографија
Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите преку полето Брза Апликација со рок до 03.01.2025 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Менаџер за извид и снимање на ризик”.
Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.
Со испраќање на апликација за вработување, апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.
Со аплицирањето, вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.