Vrabotuvanje.com - IQOS Продажен консултант - Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Гевгелија - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

IQOS Продажен консултант

Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Гевгелија

Application deadline:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

 

ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!

Пријавете се за позицијата и бидете еден од новите 15 колеги во овој тим!


 
IQOS ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ

Локации: Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Куманово, Штип, Струмица, Гевгелија
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на РРП тимот за продажба на IQOS™/Lil уреди од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International.

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1.

Како IQOS Продажен Консултант ќе бидете одговорни за:

  • Едукација на полнолетни пушачи за IQOS™ на терен;
  • Развој на продажна стратегија заедно со тимот од супервизори;
  • Продажба на IQOS™/Lil уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
  • Управување со барањата и подобрување на задоволството на потрошувачите;
  • Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS™/Lil уреди.

Доколку сте:

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.
  • Мотивирани за работа на терен.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Возачка дозвола Б категорија (задолжително активен возач);
  • Искуство во продажба или маркетинг(пожелно во малопродажба).

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок.
 

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 15.01.2025. година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more