ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!
Пријавете се за позицијата и бидете еден од новите 13 колеги во овој тим
Локација: Сите градови во Македонија
Што претставува IQOS™?
Како IQOS™ Продажен експерт ќе бидете одговорни за:
- Eдукација на продажното место за IQOS ILUMA/LIL EZ кај директни IQOS партнери;
- Продажба на IQOS ILUMA/LIL EZ уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
- Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS ILUMA/LIL EZ уредот;
- Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.
Доколку сте:
- Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Ориентирани кон иновации и нови технологии;
- Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.
И поседувате:
- Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
- Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
- Познавање други јазици (албански, турски-пожелно но не обврзувачки);
- Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
- Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Конкурентна нето месечна заработка;
- Работно време: 40 часа неделно во смени, од понеделник до сабота.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.