Vrabotuvanje.com - CAD & GIS Специјалисти - Скопје - ГЕОСПЕЈШЛ НЕТ
Share
Tweet
Share
Send to friend

CAD & GIS Специјалисти

Скопје

Application deadline:

  • ГЕОСПЕЈШЛ НЕТ

​​
 
 

Бараме амбициозни и професионални CAD & GIS Специјалисти да се приклучат на нашиот тим.

За Нас:

ГЕОСПЕЈШЛ НЕТ ДООЕЛ е динамична и иновативна компанија која обезбедува врвни услуги во областа на телекомуникациите и геопросторните технологии. Нашата експертиза опфаќа проектирање на оптички телекомуникациски мрежи, ГИС услуги, одржување и развој на системи за инвентаризација, изработка на софтверски решенија и напредна анализа на податоци. Со фокус на квалитет, прецизност и иновација, нудиме решенија прилагодени на потребите на нашите клиенти. На нашата веб-страница можете да најдете повеќе информации за услугите што ги нудиме: https://geospatialnetworks.com/ 


 

 

Бараме:

  • Минимум 2 години работно искуство на слична позиција.
  • Завршено високо образование – технички факултети (Геодезија, Географија, Електротехника и сл.).
  • Одлично познавање на AutoCAD.
  • Одлично познавање на QGIS или ArcGIS (ArcMap, ArcGIS Pro).
  • Напредно познавање на MS Office, особено MS Excel.
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан).
  • Познавање на дополнителни јазици ќе се смета за предност.
  • Познавањето на правилниците за проектирање на телекомуникациска или енергетска инфраструктура ќе се смета за предност.
  • Искуството во проектирање, анализи или изградба во областа на телекомуникациите или електротехниката ќе се смета за предност
  • Лиценци и овластувања ќе се сметаат за предност.
  • Возачка дозвола од Б категорија.
 

Работни задачи и одговорности:​

  • Подготовка на податоци за проектирање на оптички мрежи.
  • Исцртување на планирани траси со користење на QGIS и AutoCAD.
  • Конверзии помеѓу CAD и GIS формати.
  • Процесирање и анализа на податоци со користење на QGIS и Excel.
  • Подготовка на општа, текстуална, графичка и друга документација за проектите.
  • Координација со учесниците во проектот во сите фази на проектот.
  • Координација и редовно информирање на менаџерите за напредокот на проектите.
  • Имплементација и користење на нови технологии и иновативни процедури.
  • Повремено излегување на терен за прибирање на податоци, верификација или усогласување на проектна документација со терен.
 

Како да аплицирате:
Испратете го вашето CV и портфолио преку полето Брза Апликација  со наслов: „Апликација за CAD & GIS Специјалист – [Вашето име].“

Краен рок за аплицирање 13.01.2025 година

Придружете ни се и бидете дел од тим кој поставува нови стандарди во индустријата!

Аплицирај
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more