МАР МЕДИКА ДОО Куманово, е компанија од областа на билки за медицинска употреба
МАР МЕДИКА ДОО Куманово има потреба од следната работна позиција
Агроном - насока поледелство со искуство
Напомена: Огласот се однесува за место КУМАНОВО
Потребни квалификации:
- Високо образование – Земјоделски факултет –АГРОНОМ -НАСОКА ПОЛЕДЕЛСТВО
- Минимум три години работно искуство
- Познавање на работа со компјутер и поседување компјутерски вештини
- Познавање на Англиски јазик
Одговорности и работни задачи:
- Работи заедно со тимот агрономи во оддел култивација на висококвалитетни растенија и осигурува дека се следат пропишаните процедури
- Ги пренесува и пријавува сите проблеми поврзани со земјоделските култури и / или процесот на производство до сите релевантни фактори
- Корективно препорачува, изведува и координирање активности како што се отстранување, изолација, или уништување на растение
- Следење на дневни активности за да се утврди можност за унапредување на продуктивноста,ефикасноста и квалитетот
- Навремено координриање и ефикасно спроведување на контролни мерки за штетници и болести кои ги напаѓаат растенијата
- Организирање и координирање со тимот агрономи за системот за наводнување за да се утврди дека системите за наводнување работат според намената, собираат и интерпретираат концентрации на ѓубрива
- Формирање на рецептури за фертигација
- Тесна соработка со производство за подобра сигурност дека планот се контролира и одржува како што треба.
- Одговорност за закажување на циклуси на земјоделски култури, одржување на растенијата, клонирање, приклучување, берба и жетва
- Придржување кон сите стандарди и процедури
- Промовирање и одржување на барањата за ГАЦП и ГМП во сите области на култивирање
- Воспоставување, управување и известување за подобрени оптимизирани проекти
- Комуникација со останати оддели за обезбедување навремено и ефикасно работење, вклучувајќи и одржување на објектот
- Тренирање,обука и оспособување на персоналот за култивирање
- Охрабрување на вработени за вклучување за постигнување на заеднички организациони цели
- Способност да се прилагодат на технологиите што се развиваат и најдобрите практики во индустријата
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Следење на работни упатства и процедури
- Ефикасност во извршување на работните задачи
- Силни аналитички вештини и вештини за решавање проблеми
- Одлични вештини за комуникација и тимска работа
- Агрономот е одговорен да осигура дека стандардите за работа во компанијата се постигнати преку различни активности за растење одгледување на растенијата со што се подразбира одржување на растенијата, клонирање/размножување на растенијата, наводнување, контрола на штетници, контрола на автоматизираниот систем за одгледување т.е. HVAC, KG и вештачко осветлување на растенијата
Што нудиме:
- Конкурентна плата, согласно вашето искуство и знаење
- Можност за напредување и надградување
Доколку се исполнуваат бараните квалификации и компетенции потребно е кандидатите да испратат CV преку полето Брза Апликација