За нас
Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.
Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).
ДМТШ Дени Интернационал има потреба од вработување на систем администратор.
Систем администратор
Бараме искусен и мотивиран систем администратор кој ќе се придружи на нашиот тим и ќе биде одговорен за управување, одржување и безбедност на информациските системи во нашата компанија. Како систем администратор, ќе имате можност да работите со напредни технологии и ќе играте клучна улога во обезбедување на непречено функционирање на нашата ИТ инфраструктура.
Клучни одговорности:
- Управување и поддршка на сервери, мрежи и компјутерски системи.
- Мониторирање и решавање на технички проблеми.
- Конфигурирање и одржување на ИТ мрежна инсфраструктура во рамките на компанијата.
- Инсталација, конфигурација и надградба на софтвер и хардвер.
- Управување со резервни копии на податоци и враќање на системи во функција во случај на неочекувани проблеми.
- Обезбедување на безбедноста на системите и мрежите, антивирусна заштита и управување со пристап.
- Поддршка и консултации со корисниците внатре во компанијата.
Услови:
- ВСС од областа на информациски технологии или слични области.
- Познавање на англиски јазик
- Искуство во работа со серверски и мрежни инфраструктури (Windows Server).
- Познавање на алатки за управување со ИТ инфраструктура.
- Одлично познавање на принципите на безбедност на информации.
- Способност за брзо решавање на проблеми и работа во динамична средина.
- Добри комуникациски вештини и способност за тимска работа.
Заинтересираните кандидати своите податоци да ги испратат преку полето
Брза Апликација.