Vrabotuvanje.com - Оператор во сектор инсталациски постројки - Скопје, Куманово - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оператор во сектор инсталациски постројки

Скопје, Куманово

Application deadline:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Оператор во сектор Инсталациски постројки
(реон Скопје, Куманово)


РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Учество во работните процеси и контрола на работењето и исправноста во инсталациите за утовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици.
  • Учество во процесите на чистење, одржување, мерење и мострирање на резервоарскиот парк.
  • Изготвување на соодветна документација при утовар, истовар, вагање, мерење и мострирање на резервоари.
  • Следење на работата на инсталациите преку соодветните инструменти, следење на технолошките параметри во резервоарскиот парк.
  • Спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните, противпожарните и личните заштитни средства.
  • Почитување на работна дисциплина, ред и грижа за уредност на работно место.
  • Професионален однос кон трети лица учесници во ланецот на утовар/истовар и контрола.
  • По потреба учествува во превентивни и корективни активности поврзани со опремата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ССС, предност ќе има имаат кандидати од технички струки (машинска, електро, градежна, хемиска).
  • Работното искуство не е предуслов.
  • Претходно работно искуство во работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со SAP информациски систем, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема ќе се смета за предност.
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Активен возач, Б-категорија
 
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Добра психо-физичка кондиција
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност

НУДИМЕ:
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Интерна обука за работното место
  • Конкурентна основна нето плата и додатоци на плата.
  • Сменско работење: три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена.
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Организирана исхрана од компанијата
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате. 
 
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more