ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Со спојување на традиција и иновација ние се стремиме да произведеме квалитетни и препознатливи вина.
Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим.
Придружи ни се како Земјоделски инженер /Агроном
Локација Штип
За работната позиција:
Како Земјоделски инженер / Aгроном ќе раководиш со сопствените лозја на винаријата Имако и ќе бидеш вклучен во планирање, организирање и контрола на циклусот (терен, луѓе, машини, опрема, системи, алати и други средства) на култивација на винова лоза со цел обезбедување висококвалитетно грозје.
Одговорности и работни задачи
- Планирање и организирање на циклусот на култивација на винова лоза од садење до берба;
- Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање во работењето;
- Навремено координирање и ефикасно спроведување на контролни мерки за одржување на теренот, земјата и здравјето на лозјата;
- Извршување на сите активности поврзани со берба за потребите на винаријата;
- Обезбедување исправност, ефикасно и безбедно користење на средствата и опремата за работа (машини, алати, трактори и друга машинерија);
- Учествува во буџетирање на операциите и ресурсите во неговиот делокруг;
- Согледување и анализирање на сите интерни и екстерни фактори за квалитетен плод, предлагање на мерки и подготовка на извештаи со препораки кои нудат ефективни, наверемени и економски поволни решенија;
- Соработка со Директорот на Област Производство и други сектори од компанијата со цел обезбедување на соодветни врсти на грозје со цел исполнување на оптималните планови на производство
Потребни квалификации
- Висок образование Агрономија или Земјоделски факултет
- Минимум 3-5 години работно искуство со лозови насади или земјоделски посеви
- Предност е работно искуство на раководно место во наведената област
- Познавање на работа со компјутер и поседување компјутерски вештини
- Способност за планирање и организација на процесите
- Способност за менаџирање на процеси и луѓе
Од тебе се очекува
- Следење на работни упатства и процедури
- Ефикасност во извршувањето на работните задачи
- Одлични вештини за комуникација и тимска работа
- Силни аналитички вештини и вештини за решавање на проблеми
- Споосбност за градење релации и за евалуација на подредените
Што нудиме?
- Соодветна обука за позицијата и почетна стручна поддршка во извршувањето на задачите;
- Редовна и компетитивна плата согласно познавањата и работното искуство на кандидатот;
- Можност за напредување и наградување.