ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Со спојување на традиција и иновација ние се стремиме да произведеме квалитетни и препознатливи вина.
Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим.
Придружи ни се како Овластен сметководител во сектор Финансии и сметководство!
Локација Штип
За работната позиција:
Овластениот Сметководител е одговорен за вршење на финаниско-сметководствени активности.
Одговорностите на оваа улога го вклучуваат, но се се ограничуваат на следново:
Одговорности
- Следење и проверка дека сите сметководствени записи се евидентираат точно, во согласност со применетите сметководствени стандарди.
- Усогласување на финансиското со материјалното сметководство и контрола за правилно спроведување на сметководствeното работење
- Подготвка и контрола на даночната евиденција, Е-ПДД и сметководствено евидентирање на пресметките
- Подготовка и доставување на документација и извештаи до УЈП, ЦРМ, НБРМ и други институции, согласно законските прописи и барања
- Составување и разгледување на годишните буџети и кварталните предвидувања.
- Подготовка и анализа на месечните и периодичните извештаи и извештаите за финансиско управување на крајот од годината (CF, P&L итн.),
- Подготовка и учество при интерна и екстерна ревизија
- Организирање и спроведување на контролни периодични и годишни пописи согласно законите и прописите
- Учествува во изготвување на завршните сметки заедно со надворешната сметководствена компанија
- Придонесува во развојот и имплементацијата на сметководстените политики и процедури на компанијата во согласност со сметководствените стандарди и принципи како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
- Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.
Квалификации
- Високо обраование во областа на сметководството и ревизија
- Лиценца за овласетен сметководител
- 5+ години искуство како овластен сметководител
- Познавање на МСФИ и менаџментско сметководство.
- Вештини за работа во Excel и во ERP системи
- Внимание на детали и структуиран начин на размислување
- Самоиницијативност, ориентираност на резултати и висок степен на точност
- Докажана способност за соработка во тимска средина
Ние нудиме
- Плата oд 60.000 ден
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа со постојан раст
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација во Секторот Финансии и сметководство на компанијата
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа