За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со големопродажба и малопродажба на вински производи како и ресторански услуги, има потреба од зголемување на тимот со позцијата:
Референт за материјално книговодство
(реон Скопје, Велес)
ЗАДАЧИ:
- Изготвување на анализи и извештаи (во excel);
- Изработка на фактури, финансиски одобренија, одобренија за вратена роба, ажурирање на база со нови артикли, коминтенти, промена на цени;
- Сложување на книговодствени картици;
- Сложување на попис и утврдување на разлики од попис;
- Изготвување налози;
- Изготвување на дневни и месечни извештаи,како и сите останати работи кои произлегуваат од позицијата;
БАРАМЕ:
- ССС Економски техничар или Економски факултет
- Пожелно минимум три години работно искуство на иста или слична позиција;
- Солидно познавање на MS Office оперативнивен систем;
- Солидно познавање на Англиски јазик;
- Амбициозна и комуникативна личност;
- Способност за самостојна работа и работа во тим;
- Желба за професионално развивање и обука.
- Обезбеден превоз и топол оброк.
- Обезбедена обука.
- Работно време: понеделник до петок од 08-16 часот
- Договор на неопределено
- Солидни месечни примања