Vrabotuvanje.com - Процес Инженер - Кичево - ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Процес Инженер

Кичево

Application deadline:

  • ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА

За подобрување на нашиот тим во Кичево, ние сме во потрага по

ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР

Задачи:
  • Процес инженерот е одговорен за осмислување и поставување на работните процеси со цел обезбедување на квалитетен производ на најефикасен начин;
  • Ги следи процес стандардите за производството, цртежите на производите и ја почитува безбедноста на вработените и самиот производ;
  • Учествува во дефинирање на потребната опрема од фаза на цртеж /дизајн се до проверка на истата и дава краен извештај за функционалноста при што остварува со добавувачите на опремата најдобра пракса, lesson learned и global design mindset;
  • Редовно ги надгледува и оценува процес параметрите , промените при модификација на линијата и врши редовно ажурирање на пропратната документација
  • Учествува во имплементација на нови проекти и дава свој придонес за поефикасно имплементирање на новите проекти во сериското производство
  • Дава предлози и решенија за ажурирање на просторниот план за производните линии во фабриката
  • Собирање на податоци за калкулација на промената на трошоците во смисла на измена на работен процес , операција како и употреба на нови материјали  
  • Учествува со предлози за континуирано подобрување на процес FMEA и има одговорност за нејзино надградување/ажурирање;
  • Комплетирање на документацијата поврзана со процесите како Работни Упатства, Процес параметри , Line Layout, Process Flow
  • Постигнува подобрување на TOP 3 RPN од секој проект;
  • Учествува на редовни дневни и неделни состаноци на тимот како и состаноци поврзани со нови проекти и решавање на проблеми кај постоечки проекти;
  • Учество во решавање на забелешки како барања на клиенти, внатрешна реакција на QRQC, итн.;
  • Соработка со JSS Core Engineering, со цел да го разбере соодветниот процес за изработка на производот и истиот да го осигура во однос на барањата земени во предвид во текот на  развојот на производот, односно учество на состаноци за изработка на физибилити студија;
  • Подготовка на спецификациите на опремата согласно на барањата на специфичниот производ и процесите поврзани со неговата изработка;
  • Поддршка и претставување на производствени работилници и настани за развој на производот;
  • Извршување на задачи поврзани со нови или трансфер проекти почитувајќи ги JSS стандардите;
  • Исполнување на условите за сериско производство во роковите пред почеток на производство (SOP);
  • Помага во градење на PROTO / PV производи;
  • Поддршка на производство после SOP на проектите и дава предлози за унапредување на процесите;
  • Го подржува одделот за одржување, производство во дневните активности и проблеми;
  • Се грижи за валидација на алатите и води евиденција за истото вклучувајќи ги промените кои настануваат на алатот во употреба
  • Подобрување , управување и надгледување на машинските параметри (tracker и line sheets);
  • Проверка и потпис на новата опрема од добавувачот пред пренесување на истата до JSS локацијата во производство;
  • Поддршка за 8D известување;
  • Имплементација на методологија за безбедност на производот во производство
 
Предуслови:
  • Образование -Техничко образование од ВСС од областа на машинство, електротехника или текстилно инженерство
  • Познавање и разбирање на техничките цртежи
  • Англиски – напредно ниво
  • Корисничко ниво на компјутерски вештини (AUTOCAD, Microsoft Office, WWW , итн.)

Ве молиме испратете ја Вашата апликација за работа на македонски и англиски јазик.
Телефон: +389 45 273 913

Џојсон Сејфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево
Човечки ресурси
ТИРЗ Кичево, 6250 Кичево, Македонија

www.joysonsafety.com

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more