Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Прилеп, Битола, Охрид и Струга - Прилеп, Битола, Охрид и Струга - КОЛИД ФУДС ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Комерцијалист - Прилеп, Битола, Охрид и Струга

Прилеп, Битола, Охрид и Струга

Application deadline:

 

Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, застапник на реномирани брендови.

Има потреба да вработи:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА 
Реон: Прилеп-Битола-Охрид-Струга
Тип на работа: Полно работно време

 

Работни задачи:

  • Извршува редовна посета на сите коминтенти со кои компанијата соработува во горенаведениот реон, со цел продажба на производи од портфолиото на Колид , согласно нивната распределба по дивизии.
  • Посетата на локалите ја врши според претходно утврден и зададен рут план.
  • Врши преглед на состојбата во продажното место (store and stock check)
  • Врши презентација на иницијативи
  • Води грижа и обезбедува оптимална залиха на производи кај коминтентите, минимизира и разрешува out of stock ситуации.
  • Се грижи и обезбедува наплата од сите коминтенти на својот реон.
  • Води и издава уредна финансиска документација за извршената продажба
  • Работните задачи ги извршува во согласност со утврдените месечни планови и ги следи зададените таргети за продажба.
  • Спроведува одредени мерчендајзинг активности, подредување на производите по стандарди, контролирање на нивните рокови (ФИФО модел), следење на залиха на производи кај коминтентите и магацините.
  • Ги контролира продажните цени на производите во продажните места и имплементира договорени маркетинг активности (летоци, акции и сл.)
  • Активно ја следи конкуренцијата и дава предлози за подобрување на пласманот на производи и нивните позиции,  со цел зголемување на продажбата 
  • Изготвува понуди за веќе постоечките и за нови коминтенти.
  • Дава предлози за унапредување на продажбата и укажува на можности за соработка со нови коминтенти.
  • Води грижа и ги одржува во исправна состојба доверените средства за работа

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
  • Професионално однесување
  • Организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Работа и познавање на MS Office пакет
  • Возачка дозвола Б – категорија (активен возач)
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ги испратите преку полето „Брза Апликација“.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more