Vrabotuvanje.com - Раководител на малопродажба - Скопје - ТОЛЛАКС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Раководител на малопродажба

Скопје

Application deadline:

  • ТОЛЛАКС ДОО
  • Address: Бул.Јане Сандански бр.82 лок.59 Аеродром, 1000 Скопје
 
 

Толлакс ДОО Скопје е една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1 киоск, М1 Медиа и Поло маркет.

Поради проширување на тимот имаме потреба од :

Раководител на малопродажба

Работни задачи и обврски:

  • Планирање,организација и контрола на целокупното работење на 16 малопродажни објекти,
  • Контрола на изложеноста ( позиционирање) на производите,
  • Контрола за успешно спроведување на акции на одредени артикли,
  • Градење тим од Супервозори кои ќе бидат непосредно одговорни за своите продажни места,
  • Организација и следење на продажбата по објекти,
  • Грижа за сопствените брендови,
  • Планирање на залихи и дополна за продажните места,
  • Организирање и редовно спроведување на пописи во Продажните места,
  • Изработка, развој и контрола на примена на работни процедури и упатства за работа,
  • Анализа на пазарот и трендовите во малопродажба,
  • Изработка на маркетинг стратегија и следење на спроведувањето на плановите за маркетинг и промотивни активности,
  • Континуирана анализа на работењето и изготвување извештаи за остварување на целите и плановите за работа,
  • Секојдневна комуникација и поддршка на вработените,
  • Активно учество во проектирање на објектите и избор на опрема,
  • Контрола на процесот на реновирање и изградба на објектите и ставање во функција,
  • Стратегија и оперативни планови за продажба на FMCG
  • Преговори со добавувачи за  FMCG  и одржување на редовна комуникација,
  • Одредување на услови за продажба и цени на мало за FMCG  и следење на активности и цени на конкуренцијата,
  • Надзорни активности поврзани со спроведување на организациските политики на компанијата и примена на важечките закони и подзаконски акти,
  • Следење на потребите на потрошувачите и решавање на поплаки од купувачи

Потребни квалификации:

  • Задолжително искуство од минимум 3 години во менаџирање на малопродажба,
  • Искусуство во категорија на алкохол и алкохолни пијалаци ќе се смета за предност,
  • Минимум ССС образование,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, проактивност и способност за тимска работа,
  • Ориентираност кон продажни резултати,
  • Познавање на англиски јазик,

Доколку сакаш да бидеш дел од нашата успешна приказна која трае 40 години, и да го надополниш тимот со своето искуство и познавања, аплицирај преку полето Брза апликација, или својата работна биографија прати ја на следната маил адреса:

katerina.angelkovska@tollaks.mk

Ве очекуваме !

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more