За нас
Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.
Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).
ДМТШ Дени Интернационал во н.Илинден има потреба од вработување на магационер.
Магационер
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Организираност и одговорност
- Самоиницијативност и енергичност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
Работни задачи и одговорности:
- Спремање и пакување на гардероба за испорака
- Издавање на фискални сметки
- Сторнирање на фискални сметки
- Одржување на ред и хигиена во магацинот
- Извршување на други работни задачи по потреба
Заинтересираните кандидати своите податоци да ги испратат преку полето
Брза Апликација.