Фармацевтската компанија ДЕМАКС НОВА ИНТ од Скопје објавува оглас за вработување на:
2 стручни соработници (медицински претставници) за територија на РС. Македонија:
Потребни квалификации:
- Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
- Активно познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Office,
- Положен возачки испит (Б категорија)
- Место на живеење во Скопје.
Вештини и способности:
- Одлични комуникатори, аналитичари и организатори,
- Стручност и елоквентност, енергичност,
- Претприемачки дух, успешно продавање на производ или услуга,
- Справување со работа под притисок, исполнување таргети,
- Задолжително претходно работно искуство при групни презентации и работа на терен.
Нудиме:
- Работа во динамична средина, млад тим од стручни лица, добри услови, врвна обука, можност за докажување на вашите професионални способности, интернационална кариера.
Одговорности:
- Презентирање и промоција на ОТЦ препарати и диететски суплементи преку редовни посети на лекари и фармацевти.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV, фотографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
Огласот трае до 29.01.2025 година.