Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens... Во моментов отворено е следното работно место:
хигиеничар
Опис на работно место:
- Дневно одржување, чистење и дезинфекција на просторот во управна зграда на компанијата
- Подготовка на простории за одржување на работни активности
Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок од 06:00 до 14:00, и секоја втора сабота
Што бараме:
- Завршено средно образование;
- Посветеност, уредност и темелност во извршување на работните обврски
- Вештини за ефикасна организација
- Претходно работно искуство како хигиеничарка ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Организиран превоз од Скопје и околните градови (фабриката се наоѓа во с. Орешани - Зелениково)
- Обезбедена храна
- Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
- Почетна нето плата од 24.000 денари.
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 31.01.2025 година. Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.