Vrabotuvanje.com - Финансиски Контролeр - Скопје - Атлантик Група
Share
Tweet
Share
Send to friend

Финансиски Контролeр

Скопје

Application deadline:

  • Атлантик Група

Додадете нови вкусови во вашата кариера и станете дел од тимот на Атлантик Група кој создава брендови сакани од генерации!

Финансиски контролер
Локација: Скопје

 

Улога на Финансиски контролер:

  • Дава поддршка во оперативните задачи за известување кон менаџментот во рамките на контролинг делот, репортинг делот  или делот на планирање и анализа;
  • По налог, комуникација и насоки од надредените извршува активности поврзани со анализа на извештаи за продажба на сите нивоа Gross to Net и сите релевантни димензии (купувач, канал, бренд) и сите линии на трошоци и cost centers;
  • Поддршка во подготовка и анализа на извештаи за трошоци, инвестици, анализа по канали или трошковни места;
  • Се вклучува во пресметка на маржи, пресметка и анализа на P&L и BS извештаи;
  • Вклучен во месечни пресметки на акруали и нивна припрема за внес во систем;
  • Активно учествува во планирањето, форкастирањето или ad hoc естимации во координација со надредениот;
  • Активно учествува во изработка на презентации;
  • Активно учествува во месечните затварања;
  • Одговорен за точноста и транспарентноста во својот домен, доверливост и објективност;
  • Поддршка во дневното мапирање на податоци, нивоа на книжење итн;
  • Учествува во автоматизација и дигитализација на извештаите;
  • Останати активности или ad hoc извештаи во доменот на контролингот; 

Вистинскиот кандидат:

  • Има завршено економски факултет или IT (master data analytics);
  • Има минимум една година работно искуство на иста или слична позиција;
  • Напреден корисник на Excel;
  • Основно познавање на работа со база на податоци (SQL, Query,…) ќе се смета за предност;
  • Има познавање од англиски јазик на средно ниво.

 За што се грижиме:

  • Преку различни програми и пристапи „прилагодени на потребите“, обезбедуваме нашите вработени да се чувствуваат добро во сите аспекти од нивниот приватен и деловен живот
  • Обезбедуваме широк опсег на едукации, како и можности за развој и кариера
  • Преку квалитетно управување со перформансите и систем за наградување, секој вработен има еднаква можност да биде препознаен
  • Сепак, најважното нешто е тешко да се пренесе со зборови: ќе работите во возбудлива мултинационална средина со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како тим. 

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.   
Атлантиковци 

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more