Промотер за теренска работа
Скопје
Application deadline:
- НЕОТЕЛ ДОО Скопје
- Address: бул.К.Ј.Питу бр.15, 1000 Скопје
- Web: https://neotel.mk/
НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на деловни и домашни корисници преку LTE безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps) капацитет. Во рамките на своето портфолио, во 2016 година воведува сопствена IPTV платформа со конкурентни функционалности развивана од домашни инженери.
Во НЕОТЕЛ работи висококвалификуван кадар кој постојано ги следи светските технолошки трендови. Благодарение на своите вработени со препознаена стручност во телекомуникациската област, НЕОТЕЛ е познат по својата иновативност и темелност во изнаоѓањето специјализирани и функционални решенија за своите корисници.
Неотел ДОО има потреба од:
Промотер за теренска работа
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
- Истражување: Идентификување и создавање листа на потенцијални клиенти во станбени области.
- Ангажирање: Иницирање разговори со сопствениците на станбените објекти и демонстрација на длабоко разбирање на нашите телекомуникациски услуги.
- Презентации: Ефикасно пренесување на карактеристиките и придобивките од нашите производи на потенцијалните клиенти и решавање на какви било прашања или грижи.
- Затворање на продажбата: Склучување на договори за користење на услугите на НЕОТЕЛ ДОО Скопје и претворање на потенцијалните клиенти во задоволни клиенти.
- Документација: Пополнување на потребната документација, вклучувајќи договори за користење на услугите на НЕОТЕЛ ДОО Скопје и информации за клиентите, точно и навремено.
- Однос со клиентите: Градење и одржување силни односи со клиентите, обезбедување на нивно тековно задоволство и решавање на какви било проблеми.
- Цели за продажба: Исполнување и надминување на месечните цели и квоти за продажба.
УСЛОВИ:
- Силни преговарачки и консултативни продажни вештини;
- Развиени организациски вештини;
- Развиено чувство за тимска работа;
- Способност за справување со повеќе приоритетни активности;
- Самоиницијативност при работење и способност за работење без надзор;
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
- Мотивираност;
- Флексибилност и адаптибилност;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
ШТО НУДИМЕ:
- Платени обуки, тренинзи кои ќе ти помогнат да напредуваш во компанијата;
- Можност за напредување преку давање приоритет при отварање на нова позиција во НЕОТЕЛ ДОО Скопје;
- Субвенционирање на спортски и забавни активности;
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат контактирани и ќе влезат во процесот на интервјуирање.
ВАЖНО:
Доколку се согласувате Вашите резимеа да бидат зачувани во нашата база за идни работни позиции, Ве молиме да не информирате со изречно наведување дека се согласувате за тоа.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!