Vrabotuvanje.com - Мерчендајзери/ки - Скопје, Битола, Охрид, Кавадарци/Неготино,, Штип, Куманово - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Мерчендајзери/ки

Скопје, Битола, Охрид, Кавадарци/Неготино,, Штип, Куманово

Application deadline:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

 
Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
 
Бараме високо мотивирани Мерчендајзери да се приклучат на нашиот динамичен тим. Ако имате пасија за продажба, унапредување и поддршка на продажните процеси, насоченост кон постигнување на резултати, би сакале да ве запознаеме.
 
Мерчендајзери/ки 
(За повеќе различни региони)
 
1 Регион: Битола,  2 Регион: Охрид,  3 Регион: Кавадарци/Неготино, 4 Регион: Штип 5 Регион: Куманово 6 Регион: Скопје
Позиција: Мерчендајзер за Дивизија Хемија
Известува До: Супервизор на Дивизија Хемија
Сектор: Продажба
Тип на Работа: Полно работно време

 
Работни задачи:
  • Посета на продажни места согласно рут планот на определените региони
  • Подредување на производите по стандарди, следење и контролирање на нивните рокови (ФИФО метод)  
  • Следење на залихата на производите во маркетите и во магацините
  • Контролирање на продажните цени во маркетите и имплементација на договорените маркетинг активности (летоци, акции и слично)
  • Позиционирање и истакнување на производите на дополнителни позиции
  • Следење и известување за активности на конкуренција
  • Изготвување на неделни презентации за мерчендајзери
  • Други работни задачи по барање на претпоставен.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Потребно е канидатите да бидат со место на живеење во одредените региони наведени во огласот
  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
  • Професионално однесување, организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Работа и познавање на MS Office пакет
  • Возачка дозвола Б – категорија
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност. 
 
Што добивате:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Обезбедена обука и менторство од страна на искусни професионалци
  • Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
  • Службен телефон и службено возило
  • Пакет производи за празници
 
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Мерчендајзер, најдоцна до 23.01.2025 год. 
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија да ги пратат своите апликации, бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите компетитивни вработени насочени кон резултати. 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more