Vrabotuvanje.com - Одговорно лице за регистрација на додатоци на исхрана - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Одговорно лице за регистрација на додатоци на исхрана

Скопје

Application deadline:

  • ЗЕГИН ДОО

ЗЕГИН е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. 

Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!​


 
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА
 

Потребни квалификации:
  • Високо образование од областа на медицината или фармацијата
  • Со искуство во областа на регистрација на додатоци на исхрана
  • Организираност, одговорност и ефикасност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
Што нудиме:
  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Работно време: Понеделник – Петок (флексибилно работно време)
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

 

 
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето АПЛИЦИРАЈ со пополнување на формата за апликација или јавете се за повеќе информации на 078 260 835.
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more