Vrabotuvanje.com - Администратор во оддел за менаџирање на проекти и логистика и компетентност на персонал - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Администратор во оддел за менаџирање на проекти и логистика и компетентност на персонал

Скопје

Application deadline:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
  • Address: Фјодор Достоевски 72, 1000 Скопје
  • Web: http://www.apave.com

АПАВЕ СЕЕ е дел од меѓународна групација (APAVE Group) специјализирана за управување со ризици со повеќе од 150 години искуство. 

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.


АПАВЕ СЕЕ има потреба од Администратор во оддел за менаџирање на проекти и логистика и компетентност на персонал коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности: 

Администратор (1)

Краток опис на работната позиција:

Администраторот ќе работи во оддел за менацирање на проекти и логистика и компетентност на персонал - оддел одговорен за планирање и организација на технички проекти низ Европа, Западна Африка, Јужна Америка и Југоисточна Азија, организирање на логистика на персонал, секојдневни административни и логистички активности, организирање интерни и надворешни обуки и квалификување на технички персонал, итн.

Работни обврски:
  • Дава поддршка во планирање на персонал и одговорен е за организирање на целосна логистика за техничките проектите кои ги има компанијата;
  • Одговорен за редовно ажурирање/одржување на база на податоци и на личните досиеја на техничкиот персонал, внес на податоци на македонски/англиски;
  • Одговорен е за подготовка на документи за издавање на визи за вработените, организација на билети и сместување;
  • Одговорен е за организација на систематски и медицински прегледи во соработка со соодветни установи;
  • Одговорен е за обезбедување на патничко осигурување за вработените и ангажираните лица на проектите;
  • Одговорен е да обезбеди спроведување на обука на вработените за безбедност и здравје при работа и животна средина во соработка со назначена надворешна компанија;
  • Одговорен е за други административни активности за поддршка на одделот;
  • По потреба патување и во странство за потреби на работата во секторот;
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Високо образование
  • Претходно работно искуство во областа на администрација и логистика најмалку 2 години се смета за предност
  • Претходно искуство со работа во софтвер
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
  • Клучни компетенции: одлични комуникациски вештини, флексибилност за индивидуална и тимска работа, управување со времето и рокови

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more