Vrabotuvanje.com - Офицер за управување со обезбедени побарувања - Скопје - ЕОЅ Матрих
Share
Tweet
Share
Send to friend

Офицер за управување со обезбедени побарувања

Скопје

Application deadline:

  • ЕОЅ Матрих

Офицер за управување со обезбедени побарувања 

бул. Илинден бр. 109 локал 6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој. 

Опис на работни задачи

  • Администрирање на предметите и обработка на правна и останата документација поврзана со наплата на побарувања
  • Подготовка на стратегии за наплата на обезбедените побарувања
  • Редовна комуникација со адвокати, извршители, нотари, заложен регистар, катастар и други релевантни страни во постапките за наплата
  • Организирање теренски посети и одржување на состаноци со должници, извршители и други клиенти
  • Подготовка на правни акти и документи за потребите на работниот процес
  • Следење на реализација на започнатите постапки за наплата на побарувања
  • Спроведување на правна анализа за обезбедени портфолија предмет на откуп
  • Подготовка на извештаи за потребите на компанијата и унапредување на работниот процес
  • Објавување на огласи за продажба на имот 

 

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование – Правен факултет
  • Работно искуство во област на наплата на обезбедени побарувања од најмалку 1 година
  • Работно искуство кај извршител ќе се смета за предност
  • Познавања од област на законската рамка за наплата на побарувања и договорен залог
  • Познавања од област на заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR, ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Познавање на англиски јазик • Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
  • Поседува аналитички способности
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Способност за спроведување и имплементација на проекти
  • Поседување вештини за спроведување на стратегии, оперативни процедури и политики
  • Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата  

 
    Работни денови: од понеделник – петок 
    Работни часови неделно: 40  
    Работно време: од 08 – 16 часот 

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 31.01.2025​ година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Бенефиции

  •  Компетитивна плата и бенефиции 
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален  развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

Контакт податоци

jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400

 

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more