Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
САНИК
има потреба од следната работна позиција
АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК
За работа на приемно одделение-пулт
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС
- Предходно работно искуство во оваа област ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутер (Microsoft Office)
- Познавање на принципи на административно работење
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Ориентираност кон рокови
- Мотивирана и стабилна личност
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
- Деловна комуникација (писмена и вербална)
- Трудољубивост и доверливост
Одговорности и задачи:
- Комуникација со странки
- Прием и проследување на документи
- Развивање и одржување на односи со клиенти
- Административна евиденција
- Пошта и електронска пошта
Ние нудиме:
- Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
- Пријатна работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.