Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Друштво за производство трговија и услуги ФОРТОНМКА МОЛ ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Друштво за производство трговија и услуги ФОРТОНМКА МОЛ ДОО Скопје
 

Во ФОРТОН групацијата ги генерираме најголемите трансакции на станбени и комерцијални недвижности на македонскиот пазар. Нашиот тим се состои од преку 50 професионалци во индустријата поврзана со недвижностите, како и градежништвото.

Нашата стратегија е во три насоки:

  1. Да ја развиеме сè повеќе секоја компанија во рамките на групацијата;
  2. Да креираме нови компании и нови проекти поврзани со недвижности;
  3. Да одржиме највисоки стандарди во респективниот сегмент преку креирање иновација и дигитализација во станбените и коменрцијални недвижности.

ФОРТОНМКА ИНВЕСТ, како дел од ФОРТОН групацијата, работи со инвестирање во проекти поврзани со недвижности. За потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, компанијата го проширува својот тим со нова работна позиција


Сметководител

 

 

Работни задачи:

  • Проверка при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација и нивна евиденција
  • Точно и навремено доставување на  потребните финансиски извештаи, прогнози, буџети и анализи во согласност со роковите на компанијата
  • Пресметка на сите видови даноци
  • Подготовка и пресметка на плати
  • Контрола и следење на дневните извештаи за плаќања и приливи врз основа на изводи од комерцијални банки
  • Сложување на финансиски картички и правење записник со купувачи и добавувачи
  • Организација и контрола на плаќањата преку компензации, отстапувања и цесии
  • Комуникација со релевантни државни институции
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива
  • Административни активности врзани со секојдневно работење

Квалификации

  • Високо образование oд соодветната област
  • Претходно работно искуство на слична работна позиција минимум 2 години
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на софтверскиот пакет PANTHEON ќе се смета за предност

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски или ангиски јазик)

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

  • Датум: 31.01.2025
  • Апликациите за работната позиција да се да се доставуваат на e-mail адреса info@fortoninvest.mk
 
 

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.


 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more