Vrabotuvanje.com - Помлад бравар - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помлад бравар

Скопје

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 1 (еден) кандидат на определено време од 3 (три) месеци, на работно место помлад бравар во Браварско одделение во Сектор за машински и градежни работи во Дирекцијата за одржување во Скопје.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование – машински/технички смер, машинобравар;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Возачка дозвола Б категорија (по можност и Ц категорија);
  • Искуство со браварско заварувачки работи;
  • Искуство со изведба на цревна инсталација.
  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 32.500 денари.
  • Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копии од други уверенија, дипломи или сертификати;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција.

 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more