Кои сме ние?
Калиман Карибе ДООЕЛ Скопjе е меѓународна компанија со 30-годишно лидерство на пазарот на премиум тутунски производи – пури, цигарилоси и други производи. Како ексклузивен претставник на престижните брендови на кубански пури Habanos за 13 земји, компанијата активно се занимава со увоз, извоз, дистрибуција и малопродажба.
Во врска со проширување на нашите активности и отворање на нова локација во Diamond Mall Skopje, бараме
КОНСУЛТАНТ ЗА БУТИКОВИ ПРОДАЖБИ
Ваши задачи ќе бидат:
- Консултација на клиентите при изборот на премиум производи, согласно нивните потреби и преференции;
- Обезбедување атрактивна и чиста презентација на производите;
- Следење на продажбата и подготвување на нарачки;
- Комуникација со регионалните супервизори и колегите од централата;
- Работа со ERP систем за евиденција на продажбите.
Нудиме:
- Долгорочен ангажман во стабилен и професионален тим;
- Воведна обука и личен ментор за поддршка во секоја фаза од работата;
- Можност за развој и зголемување на надоместокот според постигнатите резултати.
Наши очекувања:
- Искуство во продажба (минимум 1-2 години);
- Познавање на англиски јазик и/или друг јазик на работно ниво;
- Умеење за работа со MS Office;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Спортски дух, самоиницијативност и насоченост кон резултати;
- Одговорност и професионален пристап.
Очекуваме вашето портфолио најдоцна до 02.02. Отворањето на новата локација е планирано за почетокот на февруари. Ќе бидат контактирани само одобрените кандидати.