Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг.
Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.
Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.
ЈУС МБ објавува оглас за работна позиција
ТРЕЈД МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
(Замена за породилно отсуство) но со понатамошно продолжување на соработката
Опис на работната позиција:
- Креирање и управување со иницијативи, припрема на потребните материјали за продажбата(креирање на комерцијален календар)
- Следење и испитување на пазарот и категориите, вклучувајќи ги и активностите на конкуренцијата
- Креирање и обезбедување на дополнителни материјали (POSM...)
- Организирање на промотивни активности
- Следење на trade marketing фондови (планирање и потрошувачка) и креирање на извештаи за принципалите
- Обезбедување на потребните податоци за извештаите за принципалите
- Kонтрола на имплементација на стратегија на брендовите и иницијативите
- Оперативни состаноци со директно претпоставените со цел известување за реализираните задачи и активности во надлежноста
- Останати работни обврски по налог на директно претпоставениот
Услови и компетенции:
- ВСС
- Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Лична одговорност
- Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на Приоритети
- Претходно работно искуство во областа
- Ориентација кон остварување на продажни резултати
- Солидно познавање на работа на PowerPoint, Excel Pivot, BI,
- Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење),
Нудиме:
- Привремена замена но со продолжување на соработката по враќањето на колешката од породилно отсуство
- Конкурентна плата и поволности во зависност од искуството.
- Пријатна работна атмосфера и динамична средина.
Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.