Vrabotuvanje.com - Унапредувач на продажба - Кавадарци, Велес, Куманово, Прилеп, Битола - Кавадарци, Велес, Куманово, Прилеп, Битола - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Унапредувач на продажба - Кавадарци, Велес, Куманово, Прилеп, Битола

Кавадарци, Велес, Куманово, Прилеп, Битола

Application deadline:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

 

 

:Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 30 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!
 
Работно место: УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА
Локација: Кавадарци, Велес, Куманово, Прилеп, Битола
 
 

Опис на работно место:
  • Поставување на материјали за тутунски производи во продажните места на својата територија;
  • Поставување на производите на Филип Морис и Експанда и грижа за истите во малопродажните места (продавници, маркети, тобако и големи клиенти) со кои соработува компанијата;
  • Поставување и менување на цени на производите на компанијата во продажните места на деловните соработници;
  • Промена на планограми на сталажи во продажните места;
  • Одржување хигиена на сите поставени материјали за продажни објекти и сталажи за производите на компанијата;
  • Изготвување и доставување извештаи за теренската работа до претпоставениот;
  • Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата со која е задолжен.
 
Потребни квалификации:
  • Образование: минимум ССС;
  • MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Течно говорење албански и македонски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Лични карактеристики:
  • Проактивен и професионален пристап во работата;
  • Самоиницијативност, комуникативност, упорност, одговорност;
  • Индивидуална и тимска работа.
 
Ние ви нудиме: 
  • Работно време од понеделник до петок, 40 работни часа неделно во една смена;
  • Почетна нето месечна заработка 32.000 денари;
  • Користење на службено возило;
  • Можност за напредок и кариерен развој во рамки на компанијата.

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација.

 Рок за доставување пријави e до 03.02.2025 година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more