БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
Брако има потреба од:
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАШИНСКА ОБРАБОТКА
Опис: Брако има потреба од раководител на одделот за машинска обработка на производи.
Потребни квалификации на кандидатот:
- BCC - Дипломиран машински инженер (предност ќе имаат кандидати од производно машинство);
- Најмалку 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Способност за обука на нови вработени;
- Работно искуство во Autocad,SolidWorks,Esprit или друг CAM програмски софтвер. (Познавање на Esprit би било предност);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на работа со MS Office како и работа со апликативен софтвер;
- Работно искуство во производна компанија ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б-категорија.
Пожелно е работно искуство во:
- Организација и следење на плановите и процесите на производството;
- Менаџирање на ресурсите во производството за поефикасно исполнување на технолошките постапки;
- Планирање и организирање на работните задачи на вработените;
- Изработка на дневни, неделни и месечни планови за производство;
- Познавање на работа на универзални и CNC машини (вертикална глодалка, хоризонтален струг, порталка глодалка и борверк);
- Изработка на технологии и програми за изработка на делови на универзални и CNC машини;
- Познавање на оперативните системи на машините (Fanuc, Siemens, Haindenhain, HartRoll);
- Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3D модели.
Што нудиме:
- Редовни примања и напредување
- Исплата на К-15
- Обезбеден топол оброк
- Обезбеден превоз на трошок на компанијата од оддалечни места.
- Можност за работа во современа работна средина;
- Можност за работа во докажана компанија со преку 500 вработени
- Работа со професионален тим со големо искуство во областа
- Можност за постојано надградување во кариерата преку учество на секаков вид на саеми, семинари и обуки во земјата и странство
- Можност за соработка со докажани меѓународни партнери.
Сите заинтересирани да испратат CV преку полето Брза Апликација
Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за интервју.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107 или 075-882-714.