Sales Specialist for food and Analytical Equipment
Скопје
Application deadline:
- ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје
ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје, лабораториска, медицинска и процесна опрема ги повикува сите заинтересирани да се пријават на конкурсот за позицијата:
ЛАБЕНА е угледна фирма со повеќе од 30 години искуство во технолошките решенија за лабораториска и процесна аналитика. Нашите главни активности се нови технолошки решенија во областа на лабораториска аналитика во прехрамбената индустрија, науката и генетските истражувања, за кои соработуваме со водечките компании низ светот. Целта на нашата фирма е да остане успешна и позната во полето на нови решенија и набавки на високо технолошка лабораториска, процесна и медицинска опрема, како и да вложува средства во обука и проекти на сите потребни полиња во тие индустрии. Работиме на територијата на Словенија, Хрватска, БиХ, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.
- Вишо или високо образование – Дипл. инж. по хемија, физичка хемија, земјоделие, технологија, металургија, ветеринарна медицина или друга слична професија
- Минимум 1 година искуство во сервисна и/или апликативна поддршка и/или продажба во областа на медицинска и лабораториска опрема
- Познавање на теренот на продажба на лабораториска опрема и главни странки
- Подготвеност за самостојно извршување на инсталации, апликативна поддршка, валидации, а по можност и други основни сервиси кај странки
- Способност за самоорганизирање
- Способност за работа во тим и соработка со колегите
- Лојалност кон фирмата
- Самостојно, ефикасно и усшешно исполнување на работните задачи и предизвици на стручно и апликативно подрачје
- Аналитичност
- Прецизност
- Прилагодливост
- Активно познаење на англиски јазик
- Важечка возачка дозвола (Б категорија)
- Целосно познавање на работа со компјутери, особено MS Office
- Комуникативност
- Самоиницијативна, позитивна и вредна личност, способна да се организира и да пристапува кон работата со позитива
- Проактивност, фокусираност и истрајност
- Способност за работа и посветеност на тимскиот успех
- Смиреност и снаодливост во непредвидливи ситуации
- Теренска работа најмалку 80% (посети)
- Редовно и активно известување
- Редовно планирање на посети
- Соработка со надредените и колегите од другите држави
- Учење и надоградување на знаењето во сите области од продажба и сервис
- Продажба и развој на пазарот
- Одговор на барањата во рок од 48 часа од добиен повик или е-mail
- Стручна промоција на нови производи
- Поддршка на корисниците на аналитичка опрема
- Работа со светски производители на лабораториска, аналитичка и процесна опрема (FOSS, ELGA, BIO-RAD, OLYMPUS, ROMER LABS, DV, RIGAKU, ANATOLIA GENEWORKS, CORMAY, ORPHEE, OGT, SLEE и други)
- Стручни обуки и тренинзи
- Работа во стручен тим со пријателска атмосфера
- Работа со меѓународно опкружување
Сите заинтересирани можат да го испратат своето CV do 07.02.2025. на: momir.zivanovic@labena.rs со назнака (subject): SALES SPECIALIST FOR FOOD AND ANALYTICAL EQUIPMENT
Повеќе информации прочитајте на: www.labena.mk
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!