ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје, лабораториска, медицинска и процесна опрема ги повикува сите заинтересирани да се пријават на конкурсот за позицијата:
ЛАБЕНА е угледна фирма со повеќе од 30 години искуство во технолошките решенија за лабораториска и процесна аналитика. Нашите главни активности се нови технолошки решенија во областа на лабораториска аналитика во прехрамбената индустрија, науката и генетските истражувања, за кои соработуваме со водечките компании низ светот. Целта на нашата фирма е да остане успешна и позната во полето на нови решенија и набавки на високо технолошка лабораториска, процесна и медицинска опрема, како и да вложува средства во обука и проекти на сите потребни полиња во тие индустрии. Работиме на територијата на Словенија, Хрватска, БиХ, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.
SERVICE SUPPORT FOR ANALYTICAL AND LABORATORY EQUIPMENT
Локација: Скопје
Пожелни квалификации:
Вишо или високо образование – електротехниха, машинство или друга слична струка
Минимум 1 година искуство во сервисна и/или апликативна поддршка и/или продажба во областа на медицинска и лабораториска опрема
Познавање на теренот на продажба на лабораториска опрема и главни странки
Подготвеност за самостојно извршување на инсталации, апликативна поддршка, валидации и други основни сервиси кај странки
Работно искуство: најмалку 1 година во сервисна и апликативна поддршка и/или продажба во областа на лабораториска опрема
Територија: Македонија
Очекувања:
Способност за самоорганизирање
Способност за работа во тим и соработка со колегите
Лојалност кон фирмата
Самостојно, ефикасно и усшешно исполнување на работните задачи и предизвици на стручно и апликативно подрачје
Аналитичност
Прецизност
Прилагодливост
Активно познаење на англиски јазик
Важечка возачка дозвола (Б категорија)
Целосно познавање на работа со компјутери, особено MS Office
Лични особини кои ги бараме:
Комуникативност
Самоиницијативна, позитивна и вредна личност, способна да се организира и да пристапува кон работата со позитива
Проактивност, фокусираност и истрајност
Способност за работа и посветеност на тимскиот успех
Смиреност и снаодливост во непредвидливи ситуации
Работни задачи:
Теренска работа најмалку 80% (посети)
Редовно и активно известување
Редовно планирање на посети
Соработка со надредените и колегите од другите држави
Учење и надоградување на знаењето во сите области од продажба и сервис
Продажба и развој на пазарот
Одговор на барањата за сервис во рок од 48 часа од добиен повик или е-mail
Стручна промоција на нови производи
Поддршка на корисниците на аналитичка опрема
Нудиме:
Работа со светски производители на лабораториска, аналитичка и процесна опрема (FOSS, ELGA, BIO-RAD, OLYMPUS, ROMER LABS, DV, RIGAKU, ANATOLIA GENEWORKS, CORMAY, ORPHEE, OGT, SLEE и други)
Стручни обуки и тренинзи
Работа во стручен тим со пријателска атмосфера
Работа со меѓународно опкружување
Сите заинтересирани можат да го испратат своето CV do 07.02.2025. на: momir.zivanovic@labena.rs со назнака (subject): SERVICE SUPPORT FOR ANALYTICAL EQUIPMENT
Повеќе информации прочитајте на: www.labena.mk
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!